Новости

Останати

Шон Вајт го донесе стотиот медал за САД на ЗОИ

Шон Вајт стана најуспешен сноубордер на сите времиња, по триумфот и освојувањето на неговата трета олимписка титула.

Во ПјонгЧанг, американскиот претставник освои златен медал во халф-пејп дисциплината. Вајт забележал резултат од 97,75 поени, пред јапонскиот тинејџер Ајиму Хирано, кој имаше 95,25 поени. Третиот беше Австралиецот Скот Џејмс со 92,00 поени.

31-годишниот Шон Вајт, кој освои златни медали во Торино 2006 и Ванкувер 2010, го освои 100-от медал за САД на Зимските олимписки игри. Американскиот тим ја освои својата четврта титула во сноубординг на Олимписките игри во ПјонгЧанг.

GOLD
To Top