Новости

Ракомет

Јовиќ: Целје е екипа со Ф4 квалитет, парирвме 40 минути

Металург не направи изненадување и доживеа пораз на гостувањето кај Целје во СЕХА лигата од 34-25. Нашиот претставник немаше сили да го издржи темпото и на крајот сосема заслужно го претпре шестиот пораз во деветтиот натпревар во ова натпреварување.

„Според мене Целје заслужува место на Ф4. Ние бевме свесни дека тие ќе направат сé за да го забрзаат темпото. Ние се справувавме со тоа 40 минути, ама потоа стана видливо дека немаме повеќе сили. Тие играа паметно и постигнаа неколку лесни гола, па победникот беше одлучен. Како и да е, ние се обидуваме да останеме позитивни – има уште три натпревари до крајот на првиот дел од сезоната, па се надеваме дека ќе успееме да освоиме некој бод и да ја докажеме нашата вредност, зошто Металург е голем клуб со традиција и посветеност во работата во развојот на млади играчи“, истакна тренерот Александар Јовиќ.

To Top