Новости

Ракомет

Абутовиќ претставен во Рајн Некар Левен

Уште еден ракометар на Вардар го напушта европскиот шампион на крајот на сезоната. Специјалистот за одбрана, Србинот Илија Абутовиќ и официјално е преставен како нов играч на Рајн Некар.

Тој ја прифатил понудата од Германија и потпишал договор со тимот до 2021 година.

Абутовиќ ќе биде вториот играч од македонскиот шампионат што ќе го носи дресот на Рајн Некар Левен, заедно со Филип Талески. Претходно дел од „лавовите“ беа и Дејан Манасков и Борко Ристовски.

GOLD
SN Finansii
To Top