Новости

Ракомет

Вардар во финишот го „скрши“ жилавиот ПИК Сегед

Македонскиот и актуелен европски шампион Вардар многу потешко од очекуваното стигна до деветтата победа во Лигата на шампионите, откако попладнево пред својата публика во Јане Сандански го совлада унгарскиот ПИК Сегед со 34-30 (16-14).

Тимур Дибиров со единаесет гола (само едно промашување) беше најефикасниот играч на натпреварот, кој Лука Циндруќ го заврши со шест, а Данил Шишкарев постигна пет гола.

Следната недела (25 февруари) Вардар гостува во Франција кај Нант кој вчера загуби на гостувањето кај Загреб со еден гол разлика (23-22), по што црвено-црните сега имаат три бода повеќе од Нант, односно четири повеќе од трето пласираната Барселона.

Во овие моментов се игра последниот меч од оваа група во кој Р.Н.Левен е домаќин на Кристиханштад.

GOLD
To Top