Новости

Ракомет

Вардар во четвртфинале на ЛШ – Рајн Некар одигра нерешено со Нант

Вардар се пласираше во четврт-финалето на ЕХФ лигата на шампионите и пред да го одигра последното коло со Висла. Мечот Рајн Некар – Нант заврши со реми, 30-30 и Вардар без оглед на исходот утре ќе биде првопласиран во групата.

Со овој освоен бод Нант се изедначи со Вардар со по 20 бода, меѓутоа има послаб меѓусебен однос со македонскиот и европски првак и затоа не може да биде пред него. Вардар веќе никој не може да го симне од првата позиција во групата без разлика на тоа што ќе се случи утре кога Вардар игра против тимот на Висла Плоцк.

Има друга интересна ситуација во која може да се најдат водечките тимови во оваа група. Доколку Вардар загуби од Висла во последното коло, а Пик Сегед исто така загуби од Барселона, сите три тимови ќе имаат ист број бодови, по 20.

Натпреварот Вардар – Висла се игра утре со почеток од 17 часот.

Evrotip
Евротип
To Top