Новости

Ракомет

Вардар го освои Прешов и го обезбеди Ф4 на СЕХА лигата

Вардар повторно победува и од напорното гостување во Словачка нашите момци се враќаат со полн плен и три бода, победувајќи го тимот на Татран со 30-22 (14-13).

Со овој триумф Вардар и теоретски обезбеди место на завршниот Ф4 турнир во регионалното натпреварување. По 13 одиграни натпревари Вардар им 37 бода и останува лидер на табелата.

Ова е 25 натпревар по ред на кој Вардар освојува бодови, што е нов клупски рекорд. Од тоа 13 натпревари се во СЕХА Газпром лигата, 10 во Лига на шампионите и еден во домашниот Супер Куп и еден во Супер Глоуб.

Студирајте на БАС
To Top