Новости

Ракомет

Вардар минимално победи во Хрватска

Ракометарите на Вардар забележа нова победа во СЕХА лигата, овој пат многу потешко од очекувањата. Актуелниот шампион во оваа регионална лига славеше вечерва во Загреб против екипата на ППД Загреб со 25-24, а херои на Вардар во последните минути беа Рожеиро Фереира, Карачиќ и голманотт Страхиња Милиќ.

Загреб одлично го отвори натпреварот и имаше констатна предност во првото полувреме кое на крај го заврши со предност од 13-11. Во вториот дел Вардар успеа да направи серија и да дојде до израмнување на 14-14,а потоа и да дојде до предност која ја загуби во последната минута кога Лука Мраковиќ израмни на 24-24.

Во последниот напад одлично проигрување од Кањелес до Карачиќ кој успеа да постигне гол на 13 секунди пред крајот за водство на Вардар од 25-24. Во последните 13 секунди Загреб преку Мраковиќ упати удар,но неговиот шут беше скротен од голманот Милиќ кој не дозволи изедначување и му ја донесе 14-та победа на вардар во СЕХА лигата.

GOLD
GoldSlot
To Top