Новости

Ракомет

Вардар поразен во Нант во претпоследното коло од ЛШ

Ракометарите на Вардар го загубија дербито на теренот на Нант со 27-26 во рамките на претпоследната рунда во главната групна фаза во Лигата на шампионите.

На мечот во Франција домаќинот имаше контунирана предност од 5 до 7 голови се до последните 10-на минути кога нашиот тим успеа да се доближи и на минус два , но, немаше сила да направи комплетен пресврт. Тимур Дибиров со шест голови и Циндриќ со четири беа лидери кај стрелците во македонскиот состав додека кај домаќините се издвоија Гурбиндо со осум голови и Клајн со пет.

„Црвено-црните“ во последното коло на домашен терен против Висла ќе треба да освојат најмалку еден бод за да го обезбедат првото место во групата а со самото тоа и директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

GOLD
GoldSlot
To Top