Новости

Ракомет

Вардар поразен во тест меч од германски Бергишер

По седумдневните подготовки во Словенија, ракометарите на Вардар заминаа за Германија каде треба да одиграат три контролни средби. Првиот натпревар беше против Бергишер, и „црвено-црните” загубија со 25-27 (17-14). Следуваат два натпревари, во сабота и недела, а првиот е против Рајн Некар.

Поради одложување на летот од Словенија за Германија, нашите ракометари поголем дел од денот го минаа по аеродроми, поради што и закажаниот натпревар со Бергишер почна со еден час задоцнување. Во преполна сала многу германски навивачи дојдоа да го видат актуелниот европски првак кој токму кај нив ја почнува новата сезона со играње натпревари.

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари. Во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески, а исто така и друите играчи кои вообичаено имаат помала минутажа.

 

To Top