Новости

Ракомет

Вардар ремизираше во Белорусија против жилавиот Мешков Брест

Ракометарите на Вардар останаа и понатаму непоразени во СЕХА-лигата откако одигра нерешено на тешкото гостување во Белорусија кај екипата на Мешков Брест.

Натпреварот на крајот завши нерешено 25-25, а во поголемиот дел од натпреварот домашниот тим имаше предност, но Вардар имаше шанса да победи и да ги освои двата пода од овој натпревар.

Домашната екипа беше подобар противник на почетокот на натпреварот и имаше предност до самиот финиш на првиот дел кога Вардар успеа д аго зрамни резултатот и на полувреме да се замине со 12-12. Неизвесноста продолжи и во вториот дел, двата тима постигнуваа голови во серија, домакинот ќе поведеше со два гола, Вардар ќе го израмнеше резултатот, па така во 45. минута игра резултатот беше 19-19, а неколку минути подоцна и 22-22.

Во последната минутра од натпреварот Вардара влезе со предност од 25-24, но во својот последен напад Мешков Брест успеа да го израмни резултатот, а Вардар во последните 17 секунди не успеа да постигне гол за победа.

Во редовите на Вардар најефикасен беше Дибиров со 8 постигнати голови, додека по 3 гола посигнаа Кристопанс, Македа и Циндриќ. Ракометарите на Вардар веќе задутре ги очекува уште едно гостување и тоа во Словачка, кај екипата на Татран Прешов.

GOLD
SN Finansii
To Top