Новости

Ракомет

Вујовиќ: Ако ова судење е добро, јас не разбирам ракомет веќе 45 години

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, иако и честиташе на Македонија за денешната победа во арената во Загреб, не ја пропушти шансата вината за неуспехот да ја побара кај судиите од Романија.

„Честитки за Македонија за победата, немам забелешки за моите играчи. Признавам дека по 45 години во ракометот, денеска не ги разбирав судиските одлуки. Не знаев што прават Романците со играта на Македонија а во одредени моменти и со Словенија“ вели Вујовиќ.

„Луѓето од ЕХФ треба да оценат дали судењето беше на потребното ниво и дали ќе доби позитивна оценка. Сепак, се радувам за луѓето во Македонија и за ракометарите, се надевам дека така ќе продолжат и дека ќе стигна далеку“ заврши Вујовиќ

Студирајте на БАС
To Top