Новости

Ракомет

Гарсија Парондо е наследникот на Раул на клупата на Вардар

Шпанецот Роберто Гарсија Парондо од следната сезона ќе биде нов тренер на Вардар, како наследник Раул Гонзалес. Парондо доаѓа од женската екипа на Вардар каде е помошник тренер и во следните две сезони ќе го предводи машкиот европскиот првак од клупата.

Парондо е и актуелен помошник во машката сениорска репрезентација на Македонија и беше дел од стручниот штаб на последното ЕП во Хрватска. Претходно тој помагаше и во подготовката на машката младинска репрезентација на настапот на СП во Алжир каде стигнавме до Топ-8. Во моментов заедно со Ирина Дибирова седат на клупата на женската екипа на Вардар и се единствен тим во лигата на шампионите што е без пораз сезонава во елитното европско натпреварување.

Со назначувањето на Парондо за тренер продолжува низата од шпански стратези на клупата на „црвено-црните”. Тој е поранешен ракометар на Валјадолид, Адемар Леон, Сиудад Реал, а има настапувано и за ПИК Сегед и Будакалаш, два тима од Унгарија.
Со Адемар Леон го освои КПК во 2005, со ПИК Сегед го освои ЕХФ купот, а со Атлетико Мадрид го освои Супер Глоуб во 2012 година.

Студирајте на БАС
To Top