Новости

Ракомет

Дејан Периќ во стручниот штаб на Вардар од следната сезона

Поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак, Дејан Периќ (47) во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на Вардар, и ќе биде одговорен за работата со голманите во нашиот клуб. Веќе на почетокот на март Периќ ќе ја презема работата и ќе им се приклучи на Раул Гонзалес и Давид Девис Камара.

Периќ е добро познат во ракометните кругови како еден од најдобрите голмани во својата генерација и во минатата декада кога ги постигна најголемите резултати. Важеше за голман со извонредни рефлекси и квалитети, и со голема посветеност кон работата.

Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем.
Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.

GOLD
GoldSlot
To Top