Новости

Ракомет

Дибирова: Ни треба победа за потврда на првото место во групата

Пласманот на Вардар во четвртфиналето на Лигата на шампионите одамна е заверен, а сега во петок, 19 часот против германски Битигхајм, ракометарките на Вардар бараат потврда за првото место во групата.

Средбата со Битигхајм би требало да биде само потврда на квалитетот. На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија вардарки победивја со 38-26. И сега се очекува освојување на бодовите.

„Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. На претходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место”, изјави тренерот Ирина Дибирова.

До крајот на натпреварите од главната фаза Вардар треба да одигра уште два натпревари, овој со Битигхајм и на гости кај Будуќност.

GOLD
To Top