Новости

Ракомет

Египјанецот Ради потпиша за Пелистер

Новото раководство на Пелистер го официјализира Ахмед Мохамед Ради како последно засилување за претстојната пролетна полусезона во ракометната Суперлига на Македонија. 19-годишниот Ахмед Мохамед Ради е висок 186 сантиметри и игра на позиција лев и среден бек и официјално деновиве ќе му се приклучи на своите соиграчи откако ќе изврши редовен лекарски преглед.

Еден од најголемите ракометни надежи на Египет ќе добие договор до 2020 година со можност за продолжување , тој доаѓа од 20 кратниот шампион на Египет екипата на Ал Ахли.

На последното Светско првенство до 19 години во Грузија , Ради беше прв стрелец за Египет со 39 голови .

GOLD
To Top