Новости

Ракомет

Еспен Ли Хансен потпиша за Нант

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант по повредите левата бековска позиција поради проблемите на Оливер Ниокас и Рудолф Фалувеги, доведе нов ракометар.

Норвешкиот репрезентативец Еспен Ли Хансен кој веќе има искуство од француското првенство, бидејќи настапуваше за Данкерк, ќе биде нов соиграч на Кирил Лазаров во Нант.

Со новиот клуб, Хансен потпишал договор до јуни 2019 година, а доаѓа од редовите на дански Митјиланд. Своето деби го очекува веќе овој викенд, а наскоро ќе ги одигра и првите европски минути за Нант.

To Top