Новости

Ракомет

Еурофарм Работник го одработи првиот тренинг во Маврово

Ракометарите на Еурофарм Работник вчера пристигнаа во Маврово и го одработија првиот тренинг во централната фаза на подготовки. Бошковски на расплолагање го имаше целиот ростер на ракометари, кои до 18 август ќе останат во Маврово и ќе ја брусат формата за новата сезона.

Вчера попладне битолчани го имаа првиот, а денес на програмата веќе е е и вториот тренинг. Одредени денови македонскиот претставник во Челинџ Купот ќе тренира и двапати дневно. Веднаш потоа екипата ќе се врати во Битола и ќе ја започне последната фаза на подготовки и ќе игра пријателски или турнирски натпревари.

Новата Суперлига почнува на 20 септември, а своите први европски натпревари битолчани ќе ги одиграат во ноември.

To Top