Новости

Ракомет

Еурофарм Работник славеше над Пелистер во градското дерби

Еурофарм Работник денеска славеше победа над Пелистер во ракометното битолско дерби, резултатот беше 22:25.

Во спортската сала Младост во Битола денеска атмосфера на која може сите да им подзавидат.

Скопје го има европскиот ракометен првак, а тоа е Вардар, но факт е дека Битола е градот кој едноставно живее за ракометот. На денешното градско дерби меѓу Пелистер и Еурофарм Работник, салата „Младост“ беше исполнета до последно место.

Пред почетокот на средбата од 15. коло во Суперлигата, беа затемнети светлата, имаше одлична најава, а потоа почна шоуто на навивачите на трибините и на играчите на двете екипи на теренот.

Пелистер – Еурофарм Работник 22-25 (12-12)

Спортска сала Младост Битола (Гледачи: 3500)

Судии: Ѓорги Начевски, Славе Николов (Скопје)

Пелистер: Јовановски, Брауновиќ, Ристевски, Петров, Јагуриновски 1, Маџовски 2, Рајатовски, Чантурија 9, Димитровски 1, Апостоловски, Чуриќ 4, Орјоникидзе, Митревски 4, Ивановски, Митиќ, Везенковски 1

Исклучувања: 10 минути
Седмерци: 7/6

Еурофарм Работник: Умовиц, Ивановски, Ојлески 3, Трајковски, Петровски, Пецаковски 7, Талевски, Чурлевски, Мојсоски 1, Мемиќ, Кукоски, Дрогришки 4, Граџан 3, Кузмановски 2, Петровски 5, Мскхвилидзе

Исклучувања: 14 минути
Седмерци: 5/3

Со оваа победа Еурофарм Работник се доближи до лидерот на табелата во Суперлигата, Пелистер.

GOLD
To Top