Новости

Ракомет

Еурофарм го положи тестот пред европското деби

Ракометарите на Еурофарм Работник по болниот пораз од Пелистер во градското дерби минатиот викенд им се вратија на победите во Суперлигата. Момциге на Илија Темелковски, славеа на гостувањето кај Вардар Јуниор со 17-24 (12-12), откако се истакна гостинската одбрана, која прими само 5 голови.

Второто полувреме многу подобро го почнаа битолчани, направија серија 7-2 и поведоа со високи 14-20. Играта во одбрана на екипата водена од Илија Темелковски, беше клучниот фактор за лесни голови и убедливо водство. Еурофарм Работник го приведе натпреварот кон крај за победа од 17-24. Физичкиот пад на младата екипа на Стојан Петрушевски исто така имаше многу влијание во победата на битолчани. Најефикасни во победничкиот табор беа Дрогришки со шест и Пецаковски и Ојлески со по четири гола.

Победата е добра најава за европското деби и првиот натпревар од третото коло на Челинџ Купот против литванскиот претставник Гранитас Карис од Каунас в сабота од 19.00 часот во Битола.

Evrotip
Евротип
To Top