Новости

Ракомет

Еурофарм поразен во Норвешка, заврши европската пролет за битолчани

Еурофарм Работник го заврши својот настап во Челинџ Купот.

Битолскиот состав минатата седмица загуби пред своите гледачи од Филинген Берген со 25-22, додека пак денеска во Норвешка доживеа пораз од 36-28 и тоа откако имаше голем пад во играта во вторите 30 минути. Работник играше добро во првиот дел и истиот го доби со 16-15, но во продолжението приказната беше поинаква, па скандинавците со фуризона игра дојдоа до резултат и следната фаза во ова натпреварување.

Крстевски и Ојлески со по шест погодоци беа најдобри кај нашиот претставник, додека Матиќ на спротивната страна беше лидер со осум голови.

GOLD
GoldSlot
To Top