Новости

Ракомет

Започна струшкиот ракометен турнир

На отворениот терен на „Женска плажа“ во Струга денеска ќе почне 45.то издание на ракометниот турнир во Струга 2017. Шестте екипи се поделени во две групи: Охрид, Бешикташ, Алингсас (А група); Струга, Металург; Шатр (Б група).

Според програмата денеска се играат натпреварите: Шатр – Струга (19:30) и Бешикташ – Алингсас (21:15). Свеченото отворање е во 18:45 часот. Утре играат Бешикташ – Охрид и Металург – Шатр, додека во понеделник се натпреварите: Металург – Струга и Алингсас – Охрид.

Karmen
To Top