Новости

Ракомет

Исланѓаните ја изненадија Шведска на стартот од ЕП во Хрватска

Првиот натпревар на ЕП беше изненадување. Исланд ја совлада Шведска с0 26-24 и ја доведе на праг на елиминација со оглед на тоа дека овие две репрезентации се во групата со Хрватска и Србија. Веројатно дуелот меѓу Шведска и Србија ќе биде решавачкиот, а тоа не е добрата вест за избраниците на Јовица Цветковиќ.

Победата на Исланд не е изненадување, изненадување е начинот на кој Исланд победи. Средбата беше решена за пет минути и тоа во првите пет. Исланд поведе со 5-1 и потоа Шведска веќе не можеше да се врати назад. Напротив, Исланд доминираше, во еден момент имаше и 11 гола разлика, иако конечниот резултат е тесен е само 26-24.

Evrotip
Евротип
To Top