Новости

Ракомет

Италијански судии ќе го водат првиот дуел меѓу Еурофарм Работник и Берген

Европската куќа на ракометот ги одреди судиите за осминафиналниот натпревар од Челинџ Купот меѓу македонскиот претставник Еурофарм Работник и норвешкиот тим Филинген Берген.

Првиот натпревар се игра на 10 февруари во Битола со почеток во 19.00 часот,, а правдата ќе ја делат Марко ди Доменико и Лоренцо Форнасие од Италија. Делегат на натпреварот е Кеан Сиврикаја од Турција.

Возвратниот натпревар на 17 февруари ќе го судат летонските судии Вадимс Јаскинс и Едуардс Забко. Делегат на ЕХФ е Швајцарецот Беат Нагел. Натпреварот во Норвешка ќе се игра во терминот од 16.00 часот.

GOLD
To Top