Новости

Ракомет

Кузманоски потпиша за Еурофарм Работник

Горан Кузманоски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Еурофарм Работник и ќе биде големо засилување за битолскиот тим во завршницата на сезоната во Супер лигата.

Искусниот бек ки претходно соработуваше со тренерот Илија Темелковски во периодот кога играше за Тинекс Пролет, ќе биде од голема помош за битолскиот состав во ситуација кога надвор од теренот поради повреда е репрезентативецот Горан Крстески.

Во фокусот на битолскиот тим во пролетниот дел од сезоната ќе биде на настапот во плеј-офот во домашното првенсто и во завршницата на Купот на Македонија.

Evrotip
Евротип
To Top