Лазаров: Ваквите натпревари се тешки, но ги добива срцето! - Шеталиште

Новости

Ракомет

Лазаров: Ваквите натпревари се тешки, но ги добива срцето!

Победата над Словенија ја израдува нацијата, а не ги криеше емоциите ни капитенот Кирил Лазаров, кој одигра уште една професорска партија, зачинета со седум гола.

„Честитки за сите, одигравме еден машки натпревар, а сега ни следува Црна Гора која исто така е сериозен противник. Знаеме која е целта на Црногорците, тие дојдоа на ова Европско првенство специјално да не победат. Скок беше навистина расположен во првиот дел, а ние немавме поддршка од нашите голмани во тој дел. Николче не врати во живот, веруваме во нашите голмани, кои се надевам дека во следниот меч ќе бидат уште подобри. Вакви натпревари секогаш се тешки, но ги добива срцето“, изјави капитенот.

Македонија првпат во историјата започна едно Европско првенство со победа.

To Top