Лазаров: Побрзо ќе ја изненадиме Германија, отколку Словенија - Шеталиште

Новости

Ракомет

Лазаров: Побрзо ќе ја изненадиме Германија, отколку Словенија

Се доближува почетокот на Европското првенство во ракомет во Хрватска и расте ракометната треска во нашата земја. Во интервју за срспкиот медиум Спортклуб, капитенот на националната селекција зборуваше за предизвикот и противниците во групната фаза.

„Секогаш сум оптимист, можеби понекогаш и нереален. Ние како репрезентација треба да бидеме скромни и да стоиме цврсто на земја. Она што можам да го кажам е дека на ниту еден меч нема да се предадеме, па ниту на Германија. Сега да кажам дека ќе ги добиеме Германија и Словенија, а потоа во вториот круг Данска и Шпанија е нереално. Што се однесува до нашата група, мислам дека повеќе шанси имаме против Германија и Црна Гора, отколку против Словенија, која е незгодна селекција и затоа е трета во светот. Во Хрватска ќе отпатува со еден фантастичен селектор, како што е Веселин Вујовиќ и со 16 квалитетни играчи. Свесни сме дека нам нè чекаат тешки дуели, па затоа треба да ја играме нашата игра и да одиме од меч во меч“, смета Лазаров.

Потоа ракометарот на Нант се осврна на неговата долготрајност и континуитет на успеси во врвниот ракомет.

To Top