Новости

Ракомет

Лејно потпиша за Ѓер од следната сезона

Францускиот чувар на мрежата Амандин Лејно дресот на Вардар ќе го замени со оној од Ѓер, откако двете странија договорија соработка која ќе започне следната сезона. Лејно со унгарскиот шампион потпиша договор на една година со опција за продолжување на уште една.

„Овој клуб ми значи многу, бидејќи е најдобар во ракометната историја. Секој сонува да настапувa покрај вакви соиграчи. Ми се укажа голема шанса и среќна сум што ќе бидам дел од Ѓер“, изјави Лејно.

Французинката официјално е трета ракометарка која ќе се збогува од „црвено црниот“ дрес. Претходно, повлекување од ракометот најави Андреа Пенезиќ, а Александра Лакребре се враќа во родната Франција.

GOLD
SN Finansii
To Top