Новости

Ракомет

Лука Циндриќ е прогласен за најдобар европски ракометар според ЕХФ

Лука Циндриќ и Кристина Неагу се избрани за најдобари ракометари во Европа за изминатата 2017 година во изборот што го спроведе Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Ракометарот на Вардар, Циндриќ беше еден од клучните играчи за освојувањето на европската титула на Вардар, а токму со неговиот гол црвено-црните во полуфиналето ја елиминираа Барселона.

Хрватот доби 6.731 гласа (46%) од гласовите, на фановите кои партиципираа во онлајн изборот.

Зад него се наоѓаат Мате Лекаи со 41 процент, додека како треторангиран заврши голманот на Вардар, Арпад Штербик со шест отсто од гласовите.

СН Финансии
To Top