Противник на Македонија за баражот за пласман на Светското првенство во ракомет кое следната година ќе се одржи во Данска и Германија ќе и биде репрезентацијата на Романија. Двомечот ќе се игра во јуни оваа година.

Македонските ракометари влегоа во улога на фаворити нашата селекција беше сместена во барабанот каде што беа селекциите што се носители на ждрепката.

Директен пласман на завршницата на Мундијалот кој следната година ќе се игра од 9 до 27 јануари, имаат обезбедено домаќините Данска и Германија, како и актуелниот светски првак Франција.

Место на завршницата ќе има и тимот кој ќе го освои европското злато во Хрватска.

Србија- Португалија

Литванија- Исланд

Чешка- Русија

Словенија- Унгарија

Белорусија- Австрија

Македонија- Романија

Холандија- губитник од финалето