Новости

Ракомет

Македонија ја победи Словенија во драматичен натпревар

Во групата Ц вечерва, Македонија ја победи Словенија со 25-24 во крајно драматичен меч.

Натпреварот се одигра во одлична атмосфера, а двата тима имаа  имаа поддршка од најмалку 5.000 навивачи на трибините. Играчите на Македонија и на Словенија понудија интересен натпревар со многу пресврти, а за среќа токму тимот на Гонзалес излезе како победник.

Во првото полувреме првата сериозна предност Словенците ја имаа во 5-та минута кога водеа со три разлика. Овие три гола разлика беа одржувани речиси до крајот на првото полувреме. Но Македонците во последните три минути од првото полувреме постигнаа три гола по ред и на одмор се отиде со 11-11.

Македонците ја продолжија својата серија во второто полувреме и постигнаа уште четири гола за 15-11. Сепак, Словенците се вратија во игра и во 45-та минута беше 17-17, а до крајот на натпреварот ниеден тим не успеа да постигне предност од повеќе од еден гол.

Кога натпреварот влезе во последните 5 минути, Словенија водеше со 24-23. Но до крајот на мечот не постигнаа погодок, а последните два гола решавачки за победата на Македонија ги постигнаа браќата Кире и Филип Лазаров.

GOLD
To Top