Новости

Ракомет

Моќната Германија го прегази Исланд во последниот тест пред ЕП

Репрезентацијата на Германија која е еден од трите противници на Македонија на претстојното Европско ракометно првенство, уште еднаш потврди дека е во одлична форма.

Германците кои во Хрватска ќе ја браната шампионската титула освоена пред две години, по втор пар во пријателски-контолен меч беа подобри од селекцијата на Исланд.

Откако пред два дена, Германците беа убедливи и победија со 36-29, тие денеска славеа победа со 30-21. Најдобри стрелци кај „панцирните“ беа Уве Генсхајмер и Тобијас Рајхман со по четири постигнати голови.

Evrotip
Евротип
To Top