Новости

Ракомет

Омејер го продолжи договорот со ПСЖ

Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата Тиери Омејер го продолжи договорот со ПСЖ до 2019 година.

Тоа значи дека Раул Гонзалес ќе го има на располагање од идната сезона кога ќе го преземе парискиот клуб. Освен тоа, Омејер одлучи да брани до своите 46 години и ако издржи во својата намера, тоа ќе биде достигнување за почит.

„Од моето доѓање сум среќен во тимот на ПСЖ. Уживам секој ден и се чувствувам одлично на физички план. Нема причина да ставам крај на една ваква прекрасна приказна, а клубот ми дозволи да останам овде, практично, до крајот на кариерата”, изјави Омејер при продолжувањето на договорот.

To Top