Победа од 16 разлика за Еурофарм против Радовиш - Шеталиште

Новости

Ракомет

Победа од 16 разлика за Еурофарм против Радовиш

Еурофарм Работник реди победи во Суперлигата, откако во првиот натпревар од 12. коло во спортската сала „Младост“ го декласира Радовиш со 34-18 (21-10). Така победата над Охрид доби на вредност, а екипата на Темелковски реагираше по поразот од Пелистер и врза пет победи по ред.

По само седум минути битолчани поведоа со 6-1. Следеа голови на крилата Ојлески и Мојсоски за недостижни 13-3. Од минута од минута, од напад во напад предноста на Еурофарм порасна до 21-10 на полувреме.

Ротацијата на Темелковски не ја намали ефективноста, па предноста на битолчани само се зголемуваше. Голманите одлично бранеа, а Дрогришки, Чурлевски и Крстевски ја наполнија мрежата на Радовиш за финална победа од 34-18. Оваа победа му дава вредност на триумфот во Охрид во средата.

Дрогришки и Ојлески со по 7 гола и Мојсовски со 5 гола беа најефикасни во победничкиот табор, а кај Радовиш се истакна Мајиќ со 5 погодоци.

To Top