Новости

Ракомет

Премија од 100.000 евра ако ракометарите стигнат до полуфинале

Нашите најдобри ракометари ќе добија премија од 100.000 евра ако успеат да влезат меѓу најдобрите четири селекции на континеталниот собир во Хрватска.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, најави премија од 30.000 евра за влез во втората фаза и исто толку ако се обезбеди најмалку шестата позиција. Доколку пак, четата на Раул Гонзалес, влезе во полу-финалето, тогаш сумата ќе се зголеми за уште 40.000 евра со што излегува дека нашите ракометари може да дојдат до вкупна премија од 100.000 евра.

Македонија првиот меч во Арената во Загреб ќе го одигра в сабота против Словенија а потоа ќе се сретне со Црна Гора и Германија.

GOLD
To Top