Новости

Ракомет

РК „Прилеп“ со нов тренер: Оливер Димитриоски ќе ги води прилепчани

Екипата на Прилеп успеа да најде средства за да ја финишира сезоната во Супер машката лига, па сè ќе биде според предвиденото од стартот на сезоната. Клубот се договори со општината така што сите натпревари до крајот на овој дел на првенството ќе бидат одиграни.

„Успеавме да се договориме со општината. Најдовме заеднички јазик и ќе бидеме финансирани од локалната самоуправа. Имаме и промени така што ќе имаме нов тренер. Ја завршивме соработката со Ице Соколески, а нов тренер на клубот ќе биде Оливер Димитриоски кој доаѓа од Металург“, изјави претседателот на клубот, Александар Мариноски.

Неколку од играчите го напуштија клубот, но сосема извесно е дека ќе има нови имиња. Оние играчи коишто играа лани, а останаа дел од составот на Прилеп остануваат во екипата и ќе играат и во пролетниот дел од сезоната.

GOLD
SN Finansii
To Top