Новости

Ракомет

Радичевиќ преговара за трансфер во ЦСМ Букурешт

Според пишувањето на медиумите во Црна Гора, ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ кариерата ќе ја продолжи во Романија.

Откако беше објавена веста дека раководството на Вардар им соопштило на ракометарките дека од следната сезона буџетот драстично ќе биде намален и дека во составот ќе настапуваат само млади ракометарки почнаа шпекулациите за можните трансфери.

Последен во низата е најавата дека Радичевиќ кариерата ќе ја продолжи во ЧСМ Букурешт и дека за комплетирањето на трансферот треба да се договорат само личните детали на десното крило на “црвено-црните”.

Претходно заминување најавија Амандин Лејно, Александра Лакрабер, а крај кариерата објави Андреа Пенезиќ.

Студирајте на БАС
To Top