Новости

Ракомет

Ракометарите првпат тренираа во Загреб воочи дебито со Словенија

Македонската ракометна репрезентација го одржа првиот тренинг во Загреб во пресрет на почетокот на Европското првенство. Ракометната експедиција на Македонија од денеска е во Загреб, избраниците на Раул Гонзалез ја почнаа адаптацијата пред првиот натпревар на Европското првенство.

Ракометарите денес тренираа во „Домот на спортови“, а утре ќе одржат тренинг во Загрепската Арена каде ќе се играат натпреварите од нашата група.

Македонија првиот меч го игра во сабота на 13 јануари против Словенија со почеток од 19.30, вториот натпревар го играме со Црна Гора на 15 јануари, а два дена подоцна ја завршуваме групната фаза со дуелот против Германија.

To Top