Новости

Ракомет

Ракометната репрезентација пристигна во Загреб

Ракометната репрезентација на Македонија е веќе во Загреб,а денес и утре ќе ги финализира подготовките за стартниот натпревар со Словенија во сабота на 13. јануари во рамките од првото коло на ЕП во Хрватска.

Нашите репрезентативци ќе имаат можност последните тактички варијанти да ги подготват во Загреб каде денес треба да одработат тренинг, а утре ќе имаат уште два пред почетокот на првенството. Она што може да не радува е тоа што селекторот Раул Гонзалез во моментов ги има на располагање сите кои се најдоа на неговиот список за настап на континенталнот собир. Прибак, Филип Лазаров и Миркуловски кои имаа повреди се сега во тренажен процес со останатите и очекуваме да одиграат максимално на првата средба со Словенија.

Секако како хрватската, така и нашата спортска јавност е во исчекување што ќе се случува со несогласувањето на релација „Ингра“ – Град Загреб и Влада на Хрватска, затоа што сеуште не е решен спорот околу долгот кој си го побарува компанијата „Ингра“ која е сопственик на најголемата сала во Хрватска.

To Top