Новости

Ракомет

Раул Гонзалез: Бевме одлични во вториот дел и во финишот

Македонскиот првак Вардар забележа нова победа во СеХА лигата , овојпат кај Татран во Прешов со 30-22 што е 12-та победа во 13 средби во ова натпреварување.

По мечот првиот стратег на бранителот на трофејот во ова натпреварување Раул Гонзалез изјави:

„Одигравме уште еден тежок натпревар. Знаевме дека Татран ќе одигра силно во одбрана. Бевме подготвени на тоа. Исто така нашиот противник покажа добра игра и во напад и дефинитивно секогаш е тешко да се дојде до победа во Прешов. Ние не игравме добро во првиот дел во напад и во одбрана. Во втората половина од средбата беше подобро. Совршени беа последните десет минути кога одигравме одлично. Среќни сме што успеавме да дојдеме до бодови бидејќи ова беше важен триумф за нас”.

GOLD
To Top