Новости

Ракомет

Раул Гонзалез: Победуваме кога играме добра одбрана, овој пат не беше така

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез е незадоволен од играта во одбраната на неговиот тим, вели дека Висла Плоцк денеска била подобар противник.

Вардар одигра нерешено 31:31 со Висла Плоцк и со реми ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите како провопласирана екипа со што директно оди во четвртфиналето.

„Одбраната не ни беше на потребното ниво, Висла одигра подобар натпревар од нас. Ние обично победуваме кога играме одбрана на високо ниво, овој пат не беше така“, вели Раул Гоналез.

„Уште една сезона завршивме на првото место во групата. Сеедно ми е кој ќе го добиеме за противник, имаме доволно време за добро да се подготвиме“.

GOLD
GoldSlot
To Top