Раул: Денес да уживаме, а би било одлично да ја победиме и Црна Гора - Шеталиште

Новости

Ракомет

Раул: Денес да уживаме, а би било одлично да ја победиме и Црна Гора

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез вели дека е многу задволен од вечерашното издание на неговите избраници на мечот против Словенија.

„Секогаш е тешко да се игра против Словенија. Денеска треба да уживаме, а утре имаме пауза и треба да се подготвиме за мечот со Црна Гора. Повеќе или помалку знаеме се за Црна Гора, би било супер да имаме победа. Сепак, не смееме да мислиме дека двата бода се веќе освоени и мораме да имаме почит кон црногорската репрезентација бидејќи имаат одлични играчи. Мислам дека Германија има многу добра репрезентација, но за тоа ќе мислиме подоцна. Македонија мора да игра подеднакво добро и во напад и одбрана, за да го добиеме и вториот меч“, вели Гонзалез.

To Top