Раул без Даскалоски, Велко Маркоски и Ојлески против Словенија - Шеталиште

Новости

Ракомет

Раул без Даскалоски, Велко Маркоски и Ојлески против Словенија

Раул Гонзалез изненади со изборот на играчи за првиот натпревар. Од списокот на играчи што ќе играат со Словенија изоставени се Гоце Ојлески, Велко Маркоски и Златко Даскаловски.

Најголемото изненадување е изоставувањето на Велко Маркоски, така што сега една од работите што навистина не интересира како ќе излгеда е нашата одбрана.

Гоце Ојлески досега имаше загарантирано место, но сега ќе мораор од трибини да го почне првенството. Изоставувањето на Даскаловски е очекувано, затоа што во тимот имаше три голмани. Се очекуваше или тој или Митревски да останат надвор од игра.

To Top