Новости

Ракомет

Раул ги одреди македонските адути за ЕП во Хрватска

Селекторот на репрезентацијата на Македонија го објави списокот од 19 ракометари што ќе патуваат на Европското Првенство во Хрватска.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски

Бекови: Кирил Лазаров (капитен), Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски

Утре рано изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во нашата група на ЕП се уште и селекциите на Црна Гора и Германија со кои се среќаваме на 15, односно 17 јануари.

СН Финансии
To Top