Новости

Ракомет

Се повреди Небојша Симиќ, Црна Гора со нов проблем на ЕП

Црна Гора со нов дополнителе прблем пред патувањето за Загреб. Првиот голман на репрезентацијата, Небојша Симиќ сериозно се повредил на тренинг и нема да настапи на ЕП.

Селекторот Драган Ѓукиќ на овој начин останува без уште еден важен играч откако претходно го загуби Вуко Борозан, кој по сообраќајната незгода нема да настапи за својата земја во Загреб. Голманот на германскиот Мелсунген има сериозна повреда на мускулот и во текот на наредните денови ќе се знае колку време ќе му биде потребно за рехабилитација, но едно е јасно за шампионатот во Хрватска нема да биде подготвен.

Црна Гора својата прва средба ја има в сабота против актуелниот европски шампион Германија.

GOLD
SN Finansii
To Top