Новости

Ракомет

Талески: Раул не смири на полувреме и не водеше до голема победа

Натпреварот против Словенија беше големо исуство и задача за младите ракометари како што е Филип Талевски. Македонскиот интернационалец кој одигра пожртвувано посебно во одбраната, видно задоволен по победата даде свое видување за одиграниот меч.

“Мислам дека лошиот почеток на натпреварот беше една иницијална каписла за нашата добра игра во понатамошниот дел од натпреварот. Првото полувреме го отворивме многу лошо а тие имаа голема поддршка од нивниот голман кој одбрани доста зицери. Но, се собравме на полувреме се договоривме како да одиграме во второто полувреме и таа задача што ни ја даде тренерот ја оправдавме на терен и мислам дека заслужено ја добивме оваа утакмица. Им благодарам на Словенците за фер и коректната игра и мислам дека и тие се фаворити за поминување на група исто како и нас”.

Студирајте на БАС
To Top