Новости

Ракомет

ФОТО: Нови дресови за иднината на женскиот ракомет во Битола

Во спортската сала на Средното медицинско училиште„Д-р Јован Калаузи“ во Битола се одигра пријателски натпревар помеѓу екипата на пионерките на ЖРК Пелистер од Битола и пионерките на ЖРК Кичево. Средбата заврши со победа на младите и надежни ракометарки од Битола, победија со 26:18.

На денешниот натпревар беа промовирани новите дресови на младите битолски ракометарки. Спортските обложувалници „Евротип“ инвестираа во најмодерни дресови и ја спонзорираа екипата на пионерките на ЖРК Пелистер, со поттик за големи успеси и развој на талентот кај младите девојчиња кои го сакаат ракометот.

Во тимот се вклучени девојчиња од основните училишта во Битола, учествуваат на турнири во повеќе градови во Македонија и се иднината на битолскиот женски ракомет во Битола.

Evrotip
Евротип
To Top