Новости

Ракомет

Ф4 на Лигата на шампионите и следната сезона во „Ланксес арената“

Европската ракометна федерација потврди дека „Ланксес арената“ во Келн ќе биде домаќин на завршниот турнир во Лигата на шампионите во ракомет за мажи и во 2019 година. Со оглед на тоа што договорот го врзуваше германскиот град заклучно со оваа пролет, ЕХФ официјализираше дека на 1 и 2 јуни 2019 годинa ќе се одржи деветтиот Ф4 на најсилниот ракометен Куп.

Од самата промена на системот на натпреварување, Келн е домаќин на одлучувачките натпревари од Лигата на шампионите и европската ракометна централа пронајде идеална локација за финалето на клупската сезона.

Сите натпревари во „Ланксес арената“ се распродадени, а годинава Вардар ќе ја брани титулата на 25 и 26 мај. Како играат во сезоната 2017/18, момците на Раул се многу блиску до пласман меѓу четирите најдобри во Европа.

GOLD
SN Finansii
To Top