Новости

Ракомет

Хрватска се намачи да ги совлада жилавите Црногорци

Во рамките на подготовките за ЕП во Хрватска македонските ракометари постигнаа две победи во Белград совладани беа Саудиска Арабија (37-21) и Србија (32-29).

Синоќа натпревари одиграа и дел од нашите ривали од групата. Црна Гора загуби на гостувањето во Сплит од домаќинот на шампионатот Хрватска со 25-22.
Европскиот првак Германија немаше многу проблеми со Исланд и на домашен терен победи со 36-29.

Нашиот прв ривал Словенија, која има неколку играчи на листата на повредени контролен натпревар ќе одигра на само три дена пред дуелот со Македонија. Словенија на 10.јануари е домаќин на Србија во Велење.

Evrotip
Евротип
To Top