Новости

Ракомет

Шведска и Шпанија ќе се борат за европското злато во Загреб

Селекциите на Шпанија и Шведска вечерва во Загреб ќе се борат за златото на ЕП во ракомет кое денес завршува во „Арена“ во Загреб, а на кое овие две селекции покажаа најмногу и се пласираа во ова финале.

Низ игрите кои ги покажаа овие две репрезентации можеме да заклучиме дека Шпанија е поискусна, но Шведска е побрза и помлада, па затоа и не може да се каже кој е фаворит на оваа средба. Алекс Душебаев, поранешниот играч на Вардар, а сега на Киелце вели дека нема да биде воопшто лесно во ова финале.

„Само победа и само злато ни е во мислите. Сепак, ќе биде многу тешко, бидејќи Шведска е многу млада и брза селекција. Тие даваат многу голови од контри и полуконтри. Ако правиш грешки во нападот, Шведска секогаш ќе казнува од транзиција. Мора да бидеме внимателни и паметни за да не ни се случи лоша проценка“, изјави Душебаев.

To Top