Новости

Ракомет

Штербик: Македонците го сакаат ракометот

Арпад Штербик, „Војвода“ од Сента, гордост на Вардар и Шпанија, еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот и според изборот на порталот „handball-planet“ најдобар ракометар во светот за 2017 година. Искусниот голман во интервју за „sportklub.rs“, говори за Вардар, неодамнешното Европско првенство, колегите голмани.

Штербик лани беше клучниот фактор на патот на Вардар кон европската титула, а на почетокот на оваа година „случајно“ ја однесе Шпанија до првата титула европски шампион.

Познато е дека во Загреб се најде само поради повредата на Де Варгас, во три дена одигра два натпревари и со своите неверојатни одбрани и помогна на Шпанија најпрвин во полу-финалето да слави против фаворизираната Франција, а потоа и да слави во финалето против Шведска.

Искусниот голман по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар, се сели во Веспрем каде бранеше во периодот од 2001-2004 година.

„Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Го сакаа и пред Сергеј Самсоненко да застане на чело на Вардар и да го започне амбициозниот проект. И машкиот и женскиот клуб ги ги крена на врвно ниво. Луѓето знаат тоа да го ценат. Среќни се и задоволни што во својот град и држава имаат две такви екипи. Убаво е кога гледата деца во публиката и кога сите сакаат да тренираат ракомет. Во кампот на Кире Лазаров нема место. Среќен сум и што некои деца, можеби и поради нас кои сме во клубот последните 3-4 години, избрале да тренираат ракомет“, рекол Штербик.

Голманот е само еден од ракометарите што по завршувањето на сезоната ќе го напуштат Вардар. Од клубот ќе си оди и тренерот Раул Гонзалес, но според Штербик тоа нема да влијае на тимот во финишот на сезоната.

„Засега се оди според планот. Први сме во СЕХА лигата каде не очекува завршниот турнир, ја обезбедивме лидерската позиција во Лигата на шампионите. Сите ние сме професионалци, максимално сериозно работиме. Имаме еден месец да се подготвиме и да го сочекаме противникот во четврт-финалето во Лигата на шампионите“, рекол Штербик.

Репрезентативецот на Шпанија не ја исклучува можноста да биде во репрезентацијата и за две години на Олимписките игри во Токио и да се обиде да го освои златото.

„Ќе видам дали дотогаш ќе бидам активен и дали ќе се повреди некој од голманите. Не верувам дека ќе тренирам цело лето. Додека сум здрав, задоволен и среќен на теренот ќе бранам. Имам две години договор со Веспрем, потоа ќе видам. Тајната на успехот е во младите играчи. Додека во тимот имам еден добар голман и не мора да бранам во текот на целиот натпревар, можам да издржам“, дополнил вардаровиот голман.

 

 

 

 

Извор: denar.mk

Evrotip
Евротип
To Top